ВМРО ДПМНЕ: Заев исплашен да не се дознае вистината за криминалот сам си дава изјави

Зоран Заев исплашен од новинарски прашања за да не се открие криминалот кој го прави денеска избега и сам си даде изјава за медиумите која претходно беше најавена за медиумите, реагираат со соопштение од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Тоа е  доказ дека Заев се плаши да не се открие целата неговата поврзаност во случајот „Рекет“ односно каде завршила Луј Витон торбата.

Не само стравот од случајот „Рекет“, Заев е исплашен и да одговори на прашањето кој е главниот нарачател и виновник за поставување на експлозивна направа во објектот на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Уште и без никаков срам Заев се фали дека инвестирале во патната инфраструктура, но овие три години откако се тие на власт не само што не започнаа ниту еден проект, не беа ни способни да ги завршат проектите започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Треба да знаете
Последни објави