Трагична вест од Шпанија. Се удави 17-годишен фудбалер на Лас Палмас. Тој го загуби животот откако во текот на вчерашниот ден влегол да се капи во каналот Орелана.
Како што информираа од Лас Палмас 17-годишниот Жорге Санчез, кој од оваа сезона е прекомандуван во првиот тим, заедно со неколку пријатели одлучиле да се капат во каналот Орелана што било кобно за неговиот живот. Кога дошла Итната помош само констатирале дека двајца тинејџери се удавиле.
-Ова е еден од најтажните денови во историјата на нашиот клуб. Немаме зборови да ја опишеме болката“ – се вели во соопштението на клубот.