Вучиќ прогласи победа: Освоивме над 2 милиони гласови

Претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека листата што го носела неговото име ја доби огромната доверба на народот, најголемата досега во Србија, наведувајќи дека, засега, има освоено повеќе од два милиони или 63,4 проценти од гласовите.

-Јас веќе долго време сум во политиката, но никогаш не сум доживеал ваков момент. Вечерва се стекнавме со голема доверба на луѓето, најголем досега во Србија, во услови кога малкумина веруваа во тоа, рече Вучиќ во обраќањето од седиштето на СНС.

Вучиќ рече дека СНС добила повеќе од 2 милиони гласови на нешто помалку од 3,3 милиони граѓани кои излегле на гласање, што, како што истакна, е историски момент.Во исто време, како што рече, таа листа добила големо предупредување од народот.

-Мора да бидеме уште поодговорни и посериозни и мора да бидеме повнимателни и да ги направиме најдобрите можни резултати за граѓаните, рече Вучиќ.

СНС во српското собрание од 250 места ќе има околу 180 пратеници. Втора изборна листа со освоени гласови е Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ со 10,7 освоени гласови и околу 30 пратеници. Во Собранието засега влегува и листата СПАС на градоначалникот на Нов Белград Александар Шапиќ со освоени 4,1 отсто гласови или 11 пратеници, како и партијата на Унгарците на Иштван Пастор со 8 пратеници, албанските партии со 4 места и партијата на Муамер Зукорлиќ која настапи со Демократската партија на македонците со две пратенички места.

Гласањето беше следено со многу малку странски набљудувачи- ОДИХР и мисијата ЕНЕМО (Европска мрежа на организации за мониторинг на изборите) чии извештаи ќе бидат основа за институциите на ЕУ да ја проценат исправноста и демократијата во изборниот процес на Србија.

Според невладината набљудувачка организација Црта, забележани се и 5 отсто неправилности на избирачките места, како што е случајот со таканаречениот „бугарски воз” на две изборни места во Зрењанин и на едно место во Пожаревац, тепачка на избирачкото место во Нов Белград и Чачак, обидот за контрола на избирачкиот список од неовластени лица во Свилајнац и напад врз новинарите на нишкиот портал Јужни вести, од лица кои биле снимени со непознати списоци во рацете.

Треба да знаете
Последни објави