Значајна победа за Челзи на гостувањето кај Астон Вила

Челзи оствари важна победа на гостувањето кај Астон Вила и ја зголеми разликата во однос на Манчестер јунајтед во борбата за 4. место кое носи пласман во Лигата на шампионите.

„Сините” од Лондон попладнево во дуел од 30. коло до бодовите дојдоа со подобра игра во второто полувреме, откако по првиот дел имаа негатива. Најпрво Астон Вила поведе со голот на Кортни Хаус во 43. минута, изедначи Кристијан Пулишиќ во 60. минута, а конечните 2:1 ги постави Оливие Жиру во 62. минута.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 82 бода, Манчестер сити има 60, Лестер 54, Челзи 51, Манчестер јунајтед и Вулверхемптон по 46,…

Треба да знаете
Последни објави