Нејмар се подготвува да ја освои ЛШ оваа година

Ѕвездата на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен, Нејмар откри дека за време на социјалната изолација тренирал поцврсто од вообичаеното, а исто така изрази оптимизам за иднината по пандемијата од коронавирус.

– Ја поминав изолацијата во Бразил и ја искористив можноста да тренирам како никогаш досега! Работев со мојот личен тренер Рикардо Роса. Можеби и повеќе од нормално, но за мене тоа беше начин да се надомести недостаток на натпревари. Да, јас сум многу позитивен. Оваа пандемија е многу тежок период, но јас сум убеден за иднината, како за човештвото, така и на личен план. Убеден сум дека сè ќе се врати во нормала во наредните недели и дека сето ова ќе биде само лошо сеќавање. Од своја страна, давам се од себе за да останам во форма и да ја освојам Лигата на шампионите оваа година, изјави Нејмар за „Гала”.

Треба да знаете
Последни објави