Источниот регион беше најзапоставуваниот регион во минатото, но во последните неколку години тоа се промени. Направивме досега невидени успеси од кои нема да се срамиме, вели Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
Сведоци сме на многу промени во истокот. А денеска сме овде да заедно со носителите на функции од СДСМ, Китанов и Сугарески, заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата на СДСМ, со градоначалниците Илиев и Бочварски и со претседателот Заев да ја потенцираме важноста на уште еден инфраструктурен проект на делницата од експресниот пат Штип-Кочани, делот до Крупиште во должина од речиси 15 километри.
За помалку од една година, до април 2021 година е предвидено да биде завршена и втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од околу 14 километри.
Добиваме модерен, безбеден, европски пат со четири ленти, кој ќе овозможи побрз транспорт на стоки и услуги, кој целиот овој регион ќе го направи поконкурентен и економски унапреден и развиен.
Нека се тргува, нека се разменуваат добра и услуги, нека се комуницира. Истокот од најзапоставениот регион го направивме пример за сите!
Создаваме услови за нови инвестиции, во близина сме на неколку индустриски зони, што е многу важен услов за стопанството и економијата.
Можеме уште повеќе и уште подобро. Минатото го оставаме каде што му е местото и одиме и чекориме напред.
Гледаме во иднината. Имаме одлична програма која гарантира повисоки плати. Зголемување на минималната и просечната плата за 40 и 30 проценти.
Нови работни места, појак здравствен систем и состојба која ќе овозможи повеќе време за во мир да уживаме со семејство и најблиските. Па во таа насока и недела како неработен ден за секого.
Членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни отвораат врати кои отсекогаш за Македонците и за сите граѓани биле затворени. Да продолжиме таму каде што застанавме
Одиме напред. Сите ние. Можеме!
Линк до видео: https://youtu.be/usz21RrezCo