Рома започна преговори со Вертонген

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома се приклучи во борбата за дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, пренесува „Ил Месаџеро”.

„Римската волчица” сака да се засили со белгискиот играч како слободен агент и веќе започнале преговори со него. Раководството на Рома му понуди на фудбалерот двегодишен договор.

Вертонген е член на Тотенхем од 2012 година, каде се пресели од Ајакс.

Оваа сезона, 33-годишниот дефанзивец одигра 26 натпревари за Спарси, постигнувајќи два гола.

Треба да знаете
Последни објави