Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ е на пат да оствари убедлива победа на денешните парламентарни избори, кои се одржаа среде епидемија на коронавирусот.
Според проекциите на Центарот за слободни избори и демократија( CeSID) и Ipsos, СНС освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а далеку на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на бившиот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.
Според државната изборна комисија, излезноста на изборите била 45%.