Репрезентативецот на БиХ, Мирален Пјаниќ е исфрлен од првиот тим на „старата дама“ по кавгата со тренерот Маурицио Сари на еден од последните тренинзи, пренесуваат италијанските медиуми. Поради тоа Пјаниќ нема да биде дел од тимот на утрешниот натпревар против Болоња, пишува „Ла Стампа“.
Сепак, Сари вели дека тоа е лажна вест и оти Пјаниќ е фудбалерот кого најмног го користел во текот на сезоната.
Босанскиот репрезентативец инсистира да си замине од Јувентус и тоа само во Барселона со која ги договори сите детали околу примањата, додека управата на италијанскиот шампион го нуди Пјаниќ како дел од евентуалните размени со ПСЖ и со Челси.
Големата желба да се пресели во Барселона се одрази на неговите настапи како и на залагањето на тренинзите на Јувентус поради што и дојде до кавгата со тренерот Сари.