Штутгарт се враќа во Бундеслигата

Фудбалерите на Штутгарт обезбедија враќање во првата Бундес лига. Тие денес во натпревар од 33. коло од Втората Бундеслигата го победија Нирнберг на гости со 6:0.

Главниот ривал на Штутгарт, екипата на Хамбургер загуби од Хајденхајм и со тоа ја загуби можноста за директен билет во елитната дивизија.

Благодарение на победата, Хајденхајм со еден бод повеќе изби на третото место.

Претходно, место во најквалитетното фудбалско првенство во Германија обезбеди Арминија.

Треба да знаете
Последни објави