Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90 г.), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64 г.).
Во ГОБ „8 Септември” починаа пациентка (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64 г.), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид, а потврден позитивен по приемот.
Во Клиничката болница во Тетово починати се две лица, пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни. Во Општата болница во Охрид вчера е починат пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.534, активни 1.721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4,
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3,
• Делчево 1,
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, МАНУ -189, Клиника „Жан Митрев” -106 и Систина со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19.
До изутрината во ГОБ „8 Септември” примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 394
• Аеродром – 135
• Бутел – 144
• Гази Баба – 156
• Центар – 137
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 55
• Илинден – 31
• Петровец – 14
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4. рп/дма/