На регионалниот патен правец Бошков Мост – село Извор, на делот крак – село Лазарополе, поради асфалтирање, од 24 јуни, среда, сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11 до 13 часот, информира АМСМ.
Овој изменет режим ќе трае сè до завршување на градежните работи.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.