Албанското здравство со најслаба инфраструктура во регионот

Албанија неодамна го зголеми бројот на болнички кревети за околу 20 проценти, за да се справи со пандемијата Ковид-19, но повторно оваа земја останува со најмал капацитет на болничка инфраструктура во регионот, како во однос на легла така и во човечките ресурси, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

Според извештајот кој се повикува на извори од Светска банка, Албанија има само 1,2 лекари и 3,4 медицински сестри на 1.000 жители. Направениот графикон потврдува дека Албанија има помалку човечки ресурси во медицински персонал од регионот и пошироко.

„Албанија не само што има најмал број на човечки ресурси, туку има и длабока разлика со земјите од Балканот и Источна Европа, каде има 2-4 доктори на 1000 жители. Истата ситуација се однесува на медицинските сестри и бројот на кревети. Албанија нуди 2,5 кревети на 1000 жители, додека регионалниот просек е 4 кревети на 1000 жители,стои во извештајот,пренесува агенцијата Балкан веб.

Според ОЕЦД, што се однесува на податоците од албанското министерство за здравство и социјална заштита , во земјата имало 310 кревети за хоспитализација на пациенти со коронавирус, пред да се адаптира болницата „Ковид3″.

Албанија има капацитет да направи 500 тестови Ковид-19 дневно и има вкупно 304 респиратори во целиот систем.

„На 18 мај, поради намалувањето на бројот на нови случаи, на болниците им беше дозволено да започнат со вршење на планирани интервенции и болницата Ковид2(Шефќет Ндрочи) се врати на вообичаените активности.Во почетокот на јуни, друга болница, наречена Ковид3, беше прилагодена да се подготви за можен нов бран на инфекции,наведува агенцијата.

Според истиот извор олеснувањето на мерките, нов бран на инфекција од вирусот се шири скоро низ целата земја, зголемувајќи го бројот на хоспитализираните лица,чиј број денес е 82 што е најголема бројка до сега.Но, лекарите тврдат дека вирусот станал помалку агресивен,поради што болничкиот престој на пациентите е покус.

Треба да знаете
Последни објави