Бред Пит во интервју се навраќа на првата голема улога

Бред Пит им е благодарен на Ридли Скот и Џина Дејвис за тоа што го одбрале него за улогата на шармантниот автостопер во „Телма и Луис“ но признава дека не му се допаѓа неговиот висок глас во филмот.

„Немав што да покажам за себе, освен мојата претходна работа, и тие ми дадоа шанса,“ рече 56-годишниот актер во интервју за списанието The Sun објавено во саботата. Иако е благодарен за улогата со која практично се проби во Холивуд, Пит призна дека не му се допаѓа бојата на неговиот глас.

„Свесен сум за тоа колку е висок мојот глас во филмот. Веројатно сум бил многу стегнат дека прв пат,“ се пошегува оскаровецот.

Пит исто така верува дека продуцентите на филмот од 1991 година морале да брзаат да најдат актер за улогата на автостопер поради планот на продукцијата.

„Тие веќе почнаа да го снимаат филмот, и една недела потоа, јас веќе бев на сет, работев.“

А на последната аудиција за „Телма и Луиз“, Бред налетал на пет други актери, од кои едниот бил Џорџ Клуни.

Бред вели дека Џина Дејвис, една од двете главни протагонистки во мега хитот, го извлекла од клупата на која седеле кандидатите.

„Еј русокос…здраво,“ директно му се обратила Џина кога ги видела шесторицата.

Џина Дејвис и Сузан Сарандон беа главните ѕвезди во овој филм на Ридли Скот. Пит глуми момче што тие попат го собираат, па завршува во кревет со Џина Дејвис и на крајот и ги ограбува. Токму таа улога беше пресвртница за холивудскиот шармер.Филмот се снимаше во 1990 година, а премиерно започна да се прикажува во киносалите во пролетта 1991 година.

Во долгото интервју за списанието „Сан“, Пит се осврна и на неговото доаѓање во Холивуд и почетоците на неговата филмска кариера. Призна дека го прекинал школувањето и се преселил во Холивуд со речиси празна банкарска сметка.

Треба да знаете
Последни објави