Војвотката Меган има амбиција за кариера во политиката

Војвотката Меган не ја исклучи можноста за политичка кариера.

Меган – која заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари, се повлече од кралското семејство претходно оваа година – верува „дека има мисија да стави крај на системскиот расизам во САД, и сака нејзиниот глас да биде слушнат.

Извор за „Дејли мејл“рече: „Меган изјави дека нејзината работа како лидер е поважна од кога било досега и дека зборувала со Опра и со лидери на другите заедници за тоа како таа може да биде дел од решението. Меган чувствува дека нејзината мисија е многу повеќе од глума. Таа вели дека сака да го искористи својот глас за промени и не исклучи кариера во политиката.“

Во меѓувреме, војвотката од Сасекс изјави дека би било погрешно да не се зборува наглас за смртта на Џорџ Флојд.

Осврнувајќи се на смртни случаи на Афроамериканци од рацете на полицијата, таа во видео порака до дипломираните од нејзиното некогашно училиште во Лос Анџелес рече: „Она што се случува во нашата земја и во нашата држава и во родниот град Лод Анџелес е апсолутно погубно. Сфатив дека единствена погрешна работа е да молчам и да не кажам ништо за значењето на животот на Џорџ Флојд, исто како и животот на Бреона Тејлор, Филандо Кастилја, Тамир Рајс … и на многу други луѓе чии имиња ги знаеме и не ги знаеме.“

Треба да знаете
Последни објави