Градското дерби на „Гудисон парк“ стана најгледан меч на тв-екраните во Британија

Големото градско дерби во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција меѓу Евертон и Ливерпул не ги оправда очекувањата на теренот пред празните трибини. Заврши без голови на „Гудисон парк“. Од ремито на крајот двата тима беа задоволни. Лидерот Ливерпул уште само пет бода  го делата и теоретски да ја освои титулата која ја чека три децении.

Бидејќи поради пандемијата со коронавирусот гледачите неможеа да дојдат на трибините случувањата на „Гудисон парк“ ги следеа преку телевизиските камери. Во просек овој натпреавр го гледале околу пет милиони Британци, додека во еден момент гледаноста на мечот достигнала 5,5 милиони гледачи, со што е поставен нов рекорд за најгледан фудбалски меч во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави