Заев: Секој мора да одговара пред законите, на ред се судиите да ги завршат отворените постапки и истраги и да носат пресуди

Република Северна Македонија е правна држава во која никој не смее да биде над законот, а секој, без разлика дали е политичар или бизнисмен мора да одговара пред законите, порача денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Тој што се огрешил пред законите мора да одговара и тоа заради него, но и за да биде пример за останатите. Верувам дека судството ќе смогне сили да го доврши сите постапки кои се отворени, не само оние кои сега се пред судовите, туку и истрагите што се отворени, само на тој начин ќе ја испратиме пораката да не се повтори повеќе”, посочи Заев.

Во однос на прашањето за состојбите во судството, претседателот Заев истакна дека досега се спроведени низа реформи кои обезбедуваат реформи и силна независност на правосудниот систем и дека сега на потег се судиите и обвинителите.
„Правниот систем е давстиран од многу лични аспекти внатре во него, од реалции меѓу судии, обвинители адвокати…затоа прочистувањето на судството е неопходно и тоа треба да се случи. Ветивме ново законодавство за судството, ги изработивме како извршна власт и успеавме да го поминеме во Собранието со двотретинско мнозинство. Сега останува практичната реализација од стран на судиите. Денеска ќе ја повторам пораката до судиите – должни се да судат експресно, ефикасно, правично, еднакво и транспарентно, тоа го очекуваат сите граѓани, го очекувам и јас. Постапките мора да бидат јасни и транспарентни за секого. Верувам дека едно од позначајните преокупации во периодот што претстои ќе биде токму прочистувањето во судството”, заклучи Заев.
Треба да знаете
Последни објави