Комисијата најавува состаноци, градоначалниците никој не ги кани

Комисијата за заразни болести од петокот најавува состаноци со градоначалниците на скопските општини каде енормно се големува бројот на заразени со корона вирусот. Но градоначалниците немаат поим за тоа. 24 инфо контактираше со неколкумина од нив. Одговорот од сите беше дека до сега никој нити им се јавил ниту пак ги поканил на некаков состанок.

– И ние од медиумите дознавме дека сме планирани за состанок со Комисијата за заразни болести. Во петоккот бевме шокирани мислејќи дека не заборавиле. Но и денес никој не не контактираше ниту пак се јави да не извести дека состанок ќе има- велат градоначалниците.

24 инфо во петокот информираше дека состанокот се одлага за денес откако контактиравме со извор од Комисијата за заразани болести. Целта на состанокот треба да биде на секое ниво да се јакне свеста за превенција од вирусот. Градоначалниците треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Во моментов во државаа има 40 кластери кои според епидемиолозите  се резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Извори од Комисијата за 24 инфо велат дека ова е последен обид да се стави некој ред кај граѓаните и тие да носат маски и да одржуваат дистанца. Доколку градоначалниците не успеат да делуваат на свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување дистанца, не е исклучено да се вратат построгите рестриктивни мерки.
Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова изјави дека зголемениот број новозаразени е исклучиво од непочитување на препораките, но и поради недавањето податоци за контакти.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави