На Анџелина Џоли најважни ѝ се децата

Анџелина Џоли проговори за нејзиниот развод од Бред Пит во 2016 година, откривајќи дека одлуката да се разделат била за добробит на нивните шест деца.

Во интервју за „Вог Индија“, ѕвездата на Mr. & Mrs. Smith конечно се отвори за вистинската причина на разделбата по две години брак. Таа тврди дека најважна ѝ била благосостојбата на шесте деца – Медокс (18), Пакс (16), Захара (15), Шилох (14) и 11-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

„Се разделив за добробит на моето семејство“, рече таа. „Тоа беше вистинската одлука. Јас продолжувам да се фокусирам на нивното заздравување.“

Таа, исто така, го објасни нејзиното молчење по разделбата, и нагласи дека шпекулациите за односите помеѓу неа и Пит лошо влијаеле врз нивните деца.

„Некои го искористија моето молчење, а децата гледаат лаги за себе во медиумите, но јас ги потсетувам дека тие ја знаат својата вистина“, додаде таа. „Всушност, тие се шест многу храбри, многу силни млади луѓе“.

Џоли сподели искуства од растењето на посвоените Медокс, Пакс и Захара, прифаќајќи го нивните различно потекло. „Со моите посвоени деца не можам да зборувам за бременоста, но зборувам со многу детали и љубов за патувањето за да ги пронајдам, и за тоа како се чувствував кога прв пат погледнав во нивните очи.“

„Сите посвоени деца доаѓаат со прекрасна мистерија на еден свет што се среќава со вашиот свет. Кога тие се од друга раса или странска земја, таа мистерија, тој подарок, е толку голем. Tие никогаш не смеат да заборават од каде потекнуваат. Тие имаат свои корени. Почитувајте ги. Учете од нив. ”

Џоли потсети дека Медокс и Пакс биле посвоени од Камбоџа и Виетнам, и дека овие две земји некогаш биле во војна. Таа е благодарна што ги има и двајцата во нејзиниот живот.

„Првично размислував да не посвојувам од Виетнам затоа што Мед беше од Камбоџа, а двете држави имаат сложена историја,“ се сеќава Џоли. „Тогаш читав книга за човекови права и наидов на слика на виетнамски борец заробен од Американци. Мислев на мојата сопствена земја и нашата инволвираност во југоисточна Азија“.

„Размислував за иднина во која сите ќе бидеме семејство. Јас сум благословена што ми беше дозволено да бидам нивна мајка. Благодарна сум секој ден”.

Треба да знаете
Последни објави