СДСМ со нетранспарентното носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги доведе до потенцијален медиумски и информативен мрак во Македонија

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и адмнистрација, Невенка Стаменковска Стојковска на својот Фејсбук профил ги коментираше актуелните случувања со премкинот на програмата од операторите.

-Вчерашниот прекин на телевизиските програми кои ги емитуваат операторите се резултат на недемократскиот, нетранспарентен и неинклузивен начин на донесување на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и шверцерското носење на Уредбата со законска сила за примена на ЗААВМУ за време на вонредна состојба. Во постапката на донесување на измените на законот, на СДСМ не му беше потребна квалитетна јавна расправа и обезбедување на предуслови за соочување на аргументите на сите засегнати страни со цел носење на квалитетно законско решение, туку гласање по скратена постапка непосредно пред распуштањето на Собранието.

Протестниот прекин на програмите од страна на операторите и медиумскиот и информативен мрак кој им се заканува на граѓаните на Република Македонија е обележје на начинот на владеење на оваа гарнитура. Само на тоталитарна власт каква што практикува СДСМ и одговара прекин на информациите и исклучување на телевизиите.

https://www.facebook.com/nevenkastamenkovska/photos/a.225876057842391/974904866272836/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARCPk4H4iiYvkF4gE_-fgh-JF2xgac7wkaVQZbMNEkboYvTvb5q5CwqvOVd-25aRW4CV7GHSQvbp9TyLVGQmi3UXyWpehfws4bdYOPa5T3HWSmvPM4dk1xI6ZVjQ-apWWTJQ9kLgAJXQSExIIipy7iAjhYSfEUJ8Z93wa8-UfA-QYcPm6Ree8FxlLDSaEO0I7DHwASY2Oqz_DTYQto6g66cCWL7z2yWRI512W3UbEQ17uVKQuYpaHgG2RscMIYwofM9KuHyQ_hMp-gzcXrV9X4s6LKHurHhrHhOfNqirhEmyycped2-2u2gIwpvFzNbkmrjZSrGqGExxZqNjcA__R5M&__tn__=-R

На хибридниот режим кој го создаде СДСМ малку му беше тоа што Македонија ја направи единствената земја во Европа со осуден новинар за пишан текст, што создаде листи со подобни и неподобни портали и забрануваше учество на критички новинари во прес-конференциите на Владата. Очигледно е дека за да се спаси од се’ поизвесниот изборен дебакал СДСМ е подготвен на се’, дури и по цена да ги исклучи сите телевизии во Македонија. На изборите на 15 јули граѓаните ќе го исклучат режимот на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави