Хаос на Партизанска: Син на познат политичар пијан се тепал по сообраќајка

Синот на познат политичар нападнал скопјанец по сообраќајка, вчера во Карпош, објави „Република“.

-На 21.06.2020 во 22.30  во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на булевар Партизански одреди во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу  „фиат пунто“, кое тој го управувал, автомобил „опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и автомобил „масерати“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(27) од Скопје бил физички нападнат од совозачот во „масератито“, Г.Б.(38) од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според очевидците, „масератито“ со голема брзина ги собрал двата автомобили по што Г.Б., пијан,  излегол од возилото и ги нападнал присутните.

Фото: Република

Треба да знаете
Последни објави