Хрватска воведува нови мерки откако бугарскиот тенисер е позитивен на коронавирус

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој се повлече од регионалниот „Адрија тур“ во Задар и соопшти дека е позитивен на Ковид-19, и по новиот случај на инфекција во болницата во Копривница, во Хрватска се се прошируваат мерките што ги донесе Национален штаб за цивилна заштита.

Мерките со кои се забранува посета на болници и домови за стари лица, освен во Загреб и во Сплитско-далматинската и Осиечко-барањска Жупанија, ќе важат и во Задарската Жупанија.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, потврди за „Индекс“ дека се воведуваат нови мерки во  Задарската Жупанија откако е откриен коронавирусот кај Димитров, поради што тенискиот турнир „Адрија тур“ беше прекинат непосредно пред финалето.

Тој најави дека ќе се формира тим од експерти во Задар за да се справи со случајот.

Треба да знаете
Последни објави