Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на тема здравствената криза се виде на денот кога се договоривме за избори, тогаш паднаа во вода сите приказни дека секирацијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека здравјето на граѓаните било загрозено, од тогаш досега не чувме ни 3 од здравје и нека им служи на чест.
Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните.
Граѓаните можат да простат грешка, ако долго паметат можат да заборават 11 изгубени години, но во ситуација кога мислат на здравјето, ВМРО-ДПМНЕ единствено да мисли само на политика и партиски интерес, како да се спаси од криминалот и да продолжи да го тера – тоа не го простуваат, порача Шекеринска.
Сите проблеми што ги наследивме од 11 години, не успеавме да ги решиме за 3 години, не ги би решил ни еден супермен, истакна Шекеринска, додавајќи дека ќе продолжиме да ги решаваме со иста брзина, решителност и храброст
Пред 3 години изгледаше неверојатно дека ќе станеме членка на НАТО, дека ќе почнеме преговори со ЕУ, дека ќе ја зголемиме минимална плата 60%, социјалната помош за три пати, нагласи Шекеринска.
Ќе беше многу повеќе изградено ако не ВМРО-ДПМНЕ не потрошеше 700 милиони евра на проектот Скопје 2014, оваа држава нема капацитет на секои 10 години да си најде куферче со пари и да ги троши, ако отидете во Охрид Битола, Ресен ќе видите дека патиштата што денеска се градат можеле да се градат за 11 години, но не се граделе, рече Шекеринска.