Eден пазар кој што не можевте после два мандати локална влас, отидов и видов феноменална спортска сала и реновирано електромашинско училиште во Охрид, и притоа не знаев дека влезот во Охрид од Битола исто така се реконструира, и тоа не можеа во претходни 11 години централна власт и 4 години локална власт, и вака можеме да не зборуваме за Маврово Ростуше, реновирана болница, реновирана фасада на училиште, нова општинска зграда, реновирани неколку патни правци коишто го врзуваат со селото, за ова може да дискутираме башка, ама едно нешто е највидливата разлика после 4 години, три години па и кога беа власт, кога баравме да почнат да растат платите во државата ВМРО ДПМНЕ имаше една иста политика а тоа е дека не смеат платите да растат, затоа што економијата ќе крахира и сите инвеститори ќе си заминат и тогаш ние 11 години го гледавме моделот на т.н економски раст во кој што ќе профитираат малкумина а сите ќе живеат со 8 до 9 илјади плата, луѓе кој што работат на минимална плата, кога прв пат рековме ќе расте минималната плата ВМРО ДПМНЕ и сите експерти дојдоа рекоа готово ова е распад сите овие 60 000 луѓе ќе изгубат работа, денес можеме да кажеме дека во Македонија има 60 000 нови работни места, 60% повисока минимална плата и уште не е доволна и 4500 повисока просечна плата и економијата функционира… “