За само два месеци по иницијативата Битола да добие лабораторија за испитување на Ковид-19, од денес во Центарот за јавно здравје во Битола е ставена во функција лабораторијата за молекуларна дијагностика, единствена од ваков вид во државата, надвор од Скопје.
„Лабораторијата се отвори со донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност од 30 000 евра, а со согласност на градоначалнинчката и Советот на Општина Битола се доделија 10 000 евра, а потоа следуваа и други донатори. Центарот за јавно здравје е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултатите што сега ги носиме во Скопје, па ги чекаме. Инаку е планирано да прерасниме и во регионален, што значи Прилеп и Охрид да ги тестираме овде. Имаме стручен кадар со два тима, двајца доктори и четири лаборанти кои ќе бидат во смени. Почнуваме со капацитет од 50 тестирања и со можност во иднина да го заголемиме капацитетот“, рече директорката на ЦЈЗ Елизабета Крстевска.
Од Општина Битола велат дека стандардите на Светската здравствена организација за изградба на ваков вид лаборатории се многу строги и дека истите се целосно застапени во битолската лабораторија.