(Видео) Вулкан во Индонезија исфрлал пепел во височина од 6 километри

Индонезискиот вулкан Мерапи на островот Јава избувна двапати во неделата наутро, исфрлајќи во воздух столб од врела пепел висок 6.000 метри. Центарот за истражување и развој на технологија за геолошки непогоди (БПТКГ) извести дека првата ерупција се случила во 9,13 часот по полноќ и траела 328 секунди, а втората се случила 14 минути подоцна и траела околу 90 секунди.

Пепелта прекрила бројни села на падините на вулканот висок 2.930 метри.

Агенцијата ги советувала мештаните да останат мирни и прибрани, да ја избегнуваат областа која е три километри оддалечена од вулканскиот кратер и да бидат свесни за опасностите од лава.

Од мај 2018 година, статусот на вулканот е на вториот највисок степен на ризик на скала од пет, по серијата ерупции кои создадоа столбови на врела пепел со височина до 5,5 километри.

Властите не го подигнаа степенот на предупредување за вулканската активност на Мерапа.

Големата ерупција на овој вулкан беше во 2010 година, кога загинаа 353 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави