Во Тетово отворен пункт на кој граѓаните ќе можат да добијат повеќе административни услуги

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска го промовираше центарот „Една точка за услуги“, во Тетово.

Како што подвлече Манчевски, станува збор за трансформација на поранешниот интернет-клуб во целосно нов и функционален простор за сите граѓани.

„Овој простор е место каде што граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk. Граѓаните кои ќе имаат проблем сами од својот дом да се регистрираат на порталот тука ќе можат да го направат тоа. Дополнително, со помош на Каталогот на услуги, вработените тука ќе можат да ги дадат информациите потребни за добивање на секоја од 761 услуга објавена на порталот“, рече министерот.

На порталот во моментот се достапни 136 електронски услуги, а овој број постојано ќе се зголемува. Во завршна фаза се активностите за дигитализација на уписот на дете во градинка, упис во училиште, како и дигитализација на дел од услугите кои ги нуди МВР, информираат од ресорното министерство.

Концептот на Една точка за услуги веќе функционира во Скопје, а започнат е и процесот во Охрид и Куманово.

Треба да знаете
Последни објави