Конте се скарал со еден од неговите најблиски луѓе

Еден од најверните луѓе во тренерската кариера на Антонио Конте дојде во судир со него и го напушти Интер на почетокот на овој месец, информира „Кориере дело Спорт”.

Станува збор за Хулио Тус Фахардо, кој е специјалист за физички тренинг и беше со него за време на престојот во Јувентус, Челси и италијанската репрезентација.

Нема информации за тоа што точно довело до прекин во нивната соработка.

Сега Фахардо се очекува да започне со работа за шпанската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави