По протестите почна приемниот испит во Медицинско

Со задоцнување и по протестите на одредена група родители и ученици почна тестирањето на кандидатите за прва година во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, пишува „Факултети“.

– Како идни здравствени работници, апелирам, пред сѐ, да се почитуваат правилата, особено кога се работи за здравјето. Ние, возрасните, мора да бидеме пример за младите дека правилата и принципите мора да важат секаде и за секого. Во време на пандемија, знаејќи дека здравствените работници даваат сѐ од себе, ние како медицинско училиште направивме сѐ во таа насока. Протоколите и мерките мора да се почитуваат, а за евентуално непочитување си има други надлежни институции. Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а се состојат од материјалот кој учениците веќе го совладале во основното образование (за што веќе се оценети со одлични оценки). Тестовите се полагаат едноподруго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предмети – вели директорот на училиштето, Маја Салиу.

Треба да знаете
Последни објави