Градскиот аеродромот во Лондон е отворен за комерцијални летови откако беше затворен речиси три месеци, поради појава на епидемија на новиот коронавирус.
Комерцијалните и приватните летови беа прекинати поради вирусот на 25 март, а од него беа управувани само владини и воени летови, јавува „Би-би-си“.
Првиот патнички авион слета на овој аеродром во 18 часот по локално време од островот Ман и се додава дека првите летови ќе бидат дозволени само помеѓу Велика Британија и Ирска.



