Пожар во американска воздухопловна база во Јапонија

Избувна пожар во складиште за опасни материјали во американската воздухопловна база на јапонскиот остров Окинава, соопшти американската армија и изјави дека персоналот во базата е евакуиран и дека во пожарот никој не е повреден.

Пожарот што избувна утрово во американската воздушна база Кадена не се прошири надвор од нејзините рамки, се наведува во соопштението на американските воздушни сили. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Подрачјето е затворено, а целиот персонал е евакуиран, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот. Властите потврдија дека никој не е повреден во пожарот.

Во Кадена, најголемата американска воздухопловна база на Далечниот исток, се стационирани половина од американските војници во Јапонија, кои се околу 50.000, сместени на островот Окинава, а согласно билатералниот пакт за безбедност.

Треба да знаете
Последни објави