СДСМ ќе поднесе кривична против ВМРО-ДПМНЕ за предвремено започнување на предизборната кампања

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави пријави кривична пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања. Тој вели дека опозициската партија продолжила да се однесува антидржавно, а делењето на партиски пропаганден материјал е кулминација на нивното однесување.

-Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на кризата со коронавирусот. Последен доказ за тоа е предвременото почнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за
пратеници, носители, активисти, викендот јавно делеа партиски пропаганден, предизборен материјал што е спротивно на законите и за што ќе добијат соодветни пријави преку институциите, рече Заев.

Според него, СДСМ ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ застанала во одбрана на партиските интереси.

-Од една страна е СДСМ, посветена на промоција и почитување на мерките и законите, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки и задолжение за заштита од коронавирусот. Додека сите капацитети на државата се
ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и умесно ги крши, додаде Заев.

Треба да знаете
Последни објави