Тадиќ: Вучиќ го уништи политичкиот живот во Србија

Поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ оцени дека првите проекции на резултатите на парламентарните избори покажуваат дека Александар Вучиќ го уништил политичкиот живот во Србија.Според него, единство на опозицијата е можеби невозможно и дека затоа предлага формирање една нова, силна опозициска партија.

Тадиќ вели дека ситуацијата во која една партија освојува 62 отсто од гласовите, а следната 10 отсто, следната 4,5 отсто, а сите останати се под цензусот, не е нормална и сведочи за состојбата во која се наоѓа Србија.

„Вучиќ успеа целосно да го уништи политичкото ткиво на Србија“, вели Тадиќ.

Александар Вучиќ и СНС се апсолутни победници на српските избори со освоени 63,4 проценти од гласовите односно 191 пратеник во идниот парламент. По соопштвањето на првичните резултати кои ќе претрпат одредени измени со оглед дека не се изброени гласовите на Србите од Косово, се обрати Вучиќ.

„Во политиката сум долг период, но не сум имал ваков момент, добивме огромна доверба од народот, најголема досега во Србија. Добивме големо предупредување дека мораме да бидеме поодговорни и посериозни и дека мораме да направиме најдобри резултати за нашите граѓани. Ова е историски момент, ние добиме над 2 милиони гласови од излезени над 3 милиони гласачи на овие избори“, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави