(Фото) Поплава во Турција, 5 загинати во Бурса

Пронајдени се безживотните тела на пет лица кои исчезнаа во поплавите што го зафатија подрачјето на Кестел во турската област Бурса

Пет лица смртно настрадаа во поплавите кои го зафатија подрачјето на Кестел во турската област Бурса, пренесува агенцијата Анадолија.

Според соопштението на гувернерството на Бурса, населбите Дудакли, Нарлидере, Ѓолџук, Сарикаја, Кајаџик и Аксу при Кестел вечерва беа погодени од поплави.

Во ова соопштение се нагласува дека надлежни тимови се упатени во местото на настанот.

Во поплавите, животот го загубија пет лица.

Поплави вчера имало и на северот на Грција, во кои под вода се нашле и стотина домови во Серес.

Треба да знаете
Последни објави