Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ нуди национализам и фејк њуз

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на тема здравствената криза се виде на денот кога се договоривме за избори, тогаш паднаа во вода сите приказни дека секирацијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека здравјето на граѓаните било загрозено, од тогаш досега не чувме ни 3 од здравје и нека им служи на чест.
Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните.
Граѓаните можат да простат грешка, ако долго паметат можат да заборават 11 изгубени години, но во ситуација кога мислат на здравјето, ВМРО-ДПМНЕ единствено да мисли само на политика и партиски интерес, како да се спаси од криминалот и да продолжи да го тера – тоа не го простуваат, порача Шекеринска.
Сите проблеми што ги наследивме од 11 години, не успеавме да ги решиме за 3 години, не ги би решил ни еден супермен, истакна Шекеринска, додавајќи дека ќе продолжиме да ги решаваме со иста брзина, решителност и храброст
Пред 3 години изгледаше  неверојатно дека ќе станеме членка на НАТО, дека ќе почнеме преговори со ЕУ, дека ќе ја зголемиме минимална плата 60%, социјалната помош за три пати, нагласи Шекеринска.
Ќе беше многу повеќе изградено ако не ВМРО-ДПМНЕ не потрошеше 700 милиони евра на проектот Скопје 2014, оваа држава нема капацитет  на секои 10 години да си најде куферче со пари и да ги троши, ако отидете во Охрид Битола, Ресен ќе видите дека  патиштата што денеска се градат можеле да се градат за 11 години, но не се граделе, рече Шекеринска.

 

Треба да знаете
Последни објави