Шпанија го одложи отворањето на границата со Португалија до 30 јуни

Шпанија го одложи отворањето на границата со Португалија до 30 јуни, објави шпанската влада.Границата меѓу двете земји требаше да биде отворена до денеска, но Шпанија соопшти дека само португалските граѓани кои се враќаат на своите вообичаени места на живеење, во Шпанија или други земји од шенген-зоната, ќе можат да ја преминат границата овој месец.

Португалија е единствената земја од шенген-зоната со којашто Шпанија сè уште има ограничено движење, бидејќи шпанската граница од неделата е отворена за другите земји, пренесува порталот Политико.Од неделата, на туристите од Велика Британија им е дозволено да ја посетуваат Шпанија без задолжителен карантин.

Министерката за здравство на Шпанија, Салвадор Ила, рече дека се регистрирани 11 локални епидемии, но дека биле под контрола.Шпанија регистрираше 28.323 смртни случаи од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави