Во Ломбардија, најтешко погодениот регион на Италија со Ковид-19, регистрирани се три смртни случаи, што е најнизок дневен биланс на жртви во изминатите четири месеци, односно од 27 февруари, според здравствените власти.
Бројот на нови случаи во Ломбардија е 143, што е повеќе од 65% од вкупниот број нови случаи во Италија.
Нема новозаразени во седум италијански региони меѓу кои се Сицилија и Сардинија.
Во Италија од почетокот на кризата се заразиле 238.720 лица, а 34.657 починале како резултат на вирусот.