Лиз Харли се збогува со трагично починатиот режисер и татко на нејзиното дете

Стив Бинг, режисер, филантроп и татко на детето на Елизабет Харли, трагично почина во Лос Анџелес.

Полициски извор за ТМЗ изјави дека Бинг скокнал од 27. кат на луксузна станбена зграда во Лос Анџелес. Бинг живеел во зградата, а луѓето што го познавале кажуваат за американскиот таблоид дека бил депресивен поради недостаток на човечки контакти за време на карантинот.

Елизабет Харли се збогува со Стив Бинг, кој е татко на нејзиниот син Дамијан.

Британската манекенка и актерка беше во врска со режисерот и филантроп во раните 2000-ти, а тие се разделија пред да имаат син во 2002 година. Харли објави серија фотографии со него на „Инстаграм“ и напиша трогателна проштална порака.

https://www.instagram.com/p/CBxghm9l1xU/

„Страшен крај. Нашето време заедно беше среќно и ги објавувам овие фотографии затоа што, иако поминавме низ некои тешки времиња, тие се важни и прекрасни сеќавања на драг и добар човек. Минатата година повторно станавме блиски”, напиша таа, додавајќи дека е бескрајно тажна.

„Последниот пат кога разговаравме беше на 18. роденден на Дамијан. Ова е катастрофална вест и им благодарам на сите за пораките на поддршка“.

Треба да знаете
Последни објави