Пекинг започнува програма за масовно тестирање на коронавирус

Наскоро ќе биде овозможена програма за масовно тестирање на коронавирус бидејќи градот ги проширува своите капацитети за тестирање, изјави официјален претставник за здравство во Пекинг.

Во моментов Пекинг може да спроведе повеќе од 300.000 тестови на ден, во споредба со 40.000 во март, им рече на новинарите Занг Хуа, заменик началник за здравството во Пекинг.

Пекинг зеде примероци од 2,95 милиони луѓе помеѓу 12 и 22 јуни, додаде тој.

Властите во Пекинг сакаат да овозможат тестирање на милион луѓе на ден.

Треба да знаете
Последни објави