Поранешниот киргистански претседател осуден на 11 години затвор за корупција

Киргистанскиot суд го осуди поранешниот претседател Алмазбек Атабмаев на 11 години и два месеци затвор за обвиненија за корупција, што тој ги негира.

Судот го прогласи Атамбаев за виновен затоа што наредил осуден криминалец да биде ослободен од затвор, во случајот што го отфрлија неговите приврзаници како резултат на политички конфликт меѓу поранешниот претседател и неговиот наследник, претседателот Соронбај Џенебеков.

Атамбаев (63) беше лидер на централноазиската поранешна советска република, која броеше 6,5 милиони луѓе меѓу 2011 и 2017 година, а претходно учествуваше во немирите во кои беа соборени двајца други киргистански претседатели.

На изборите во 2017 година тој го поддржа својот тогашен сојузник Џенебеков, но двајцата наскоро влегоа во конфликт откако новиот претседател ја презеде должноста.

Полицијата го уапси Атамбаев минатиот август, откако таа влезе во неговата куќа на село и размени оган со неговите приврзаници.

Треба да знаете
Последни објави