Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за туризам започна со онлајн едукативни семинари за лекарите кои соработуваат со хотелите и туристичките објекти во пресрет на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно здравствените протоколи на Министерствата за туризам, финансии и здравство на Грција, хотелите и туристичките објекти со над 50 соби потребно е да имаат одредено лекар соработник, кој би интервенирал, доколку меѓу гостите или вработените се појави сомнителен случај на Ковд-19.
Затоа, од Националната организација за јавно здравје преку социјалните мрежи ги повикаа заинтересираните лекари да се пријават на нивните семинари.