Карпош најавува реконструкција на плочникот во Порта Влае

На почетокот на есента општина Карпош најавува дека ќе започнат градежните активности за обнова на плочникот во Порта Влае. Како што информираат од општината Карпош во завршна фаза е подготовката на основниот проект за партерно уредување – реконструкција на пешачка зона на станбено-деловниот комплекс Порта Влае.

Плочникот се простира на површина од околу 13.500 квадратни метри, а реконструцијата ќе се одвива во неколку фази.

Покрај замената на горниот дел, ќе се направи и целосна обнова на хидроизолацијата, со цел да се спречи протекување на вода во подрумските или гаражните делови.

 

Треба да знаете
Последни објави