Макрон: Анкара игра опасна игра во Либија

Францускиот претседател Емануел Макрон ја критикуваше Турција за поддршката на меѓународно признатата администрација во Либија, изјавувајќи дека Анкара игра опасна игра.

„Веќе имав шанса да му претставам многу јасен став на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека верувам дека Турција игра опасна игра во Либија и дека тоа е спротивно на нивните обврски преземени на конференцијата во Берлин“, изјави Макрон.

Францускиот претседател рече дека претходно разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп за кризата во Либија.

Во конфликтот во Либија, Турција ја поддржува меѓународно признатата Влада на национално единство, која се бори против Либиската национална армија (ЛНА), предводена од Калиф Хафтар, која ја поддржуваат Русија, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

Администрацијата од Триполи, со поддршка на Турција, се подготвува да го заземе градот Сирт, кој е од стратешко значење и кој е под контрола на силите на Хафтар од јануари.

Треба да знаете
Последни објави