Мајкл Китон во преговори да го глуми Бетмен во новото продолжение

Мајкл Китон претходно го глумеше Брус Вејн и неговиот алтер-его што се бори против криминалот во блокбастерот „Бетмен“ од 1989 година и во продолжението од 1992 година „Бетмен се враќа“.

Речиси 30 години подоцна, Китон најверојатно уште еднаш ќе го облече темниот костум за улогата во претстојниот филм на DC Extended UniverseThe Flash („Блесок“).

Китон беше заменет со Вал Килмер во „Бетмен се враќа “, пред Џорџ Клуни да ја преземе улогата на човекот-лилјак во „Бетмен и Робин“ во 1997 година.

Треба да знаете
Последни објави