Надојдената вода во реонот на Љубовија однесе три моста

По синиќешното невреме делови од Србија одново се бората со водената стихија. Надојдената вода во Љубовија во Мачванскиот реон од реката Љубовиѓа ги носи мостовите како да се кутии. Веќе три моста се однесени од надојдената вода, а полавени се оклу 700 домаќинства и евакуирани се седумдесетина куќи.

Еден од трите урнати мостови е на регионалниот пат  Мали Зворник – Љубовија – Бајна Башта.

Вонредна состојба е прогласена во седум општини каде има евакуирани домаќинства.

Драматични сцени од поплавите има и во општината Лучани.

Оваа поплава од која страдаат патишта, домови и обработливо земјдоелско земјиште не е првпат да и се случува на Србија. Пред шест години имаа голема поплава со значителни последици во одредени региони.

Треба да знаете
Последни објави