На 15 јули граѓаните ќе стават крај на погубните политики на СДСМ и Заев

Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ

 

Повеќе од три години СДСМ владее преку најкорумпирана влада, влада полна со криминал и корупција. Неколку месеци коси пандемијата, а поради неспобноста на СДСМ бројот на новозаразени рапидно се зголемува. Поради Заев и Филипче  болниците се преполни и  во услови кога  во целиот регион падна бројот на заболени од корона.

Катастрофалниот начин на менаџирање на кризата од страна на Филипче и Заев донесе и до здравствен и до економски крах. Граѓаните беа сведоци на коа како Заев дава „пас“ за криминал и учествува во рекет. Во време кога многу граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите примања, Нина Ангеловска се подновила со стан  од 100 000 евра.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ.

Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

На 15 јули граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ќе остане запаметена како најнеспособна влада која Република Македонија до сега.

Треба да знаете
Последни објави