Протестен марш под слоганот „Правда за Кољо“, се одржа попладнево низ улиците на Скопје. Учесниците на протестот најпрво беа пред министерството за правда, а потоа пешки се упатија кон ОЈО и кон Судот.
Маршот е поради малата затворска казна за убиецот на Никола Христовски, момчето кое пред една година беше убиено во населбата Аеродром, а убиецот доби три години затвор.
Фото: Слободан Ѓуриќ