Решенија за изолација добиле 651 лице, 618 фатени без маска

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се  618 прекршоци.

Треба да знаете
Последни објави