Петмина српски фудбалски судии, меѓу кои и Новак Симовиќ, кој ја делеше правда на вечното дерби Партизан – Црвена звезда одиграно на 10 јуни во Белград се инфицирани со коронавирусот. Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека се заразени и двајца судии кои биле планирани да делат правда на дуелот од финалето на Купот, Војводина-Партизан закажано за утре.
Србија ги укина сите забрани за одржување на јавни собири и дозволи спортските натпревари да се играат пред публика.
Покрај инфицирани фудбалери, позитивни на короноавирусот има и тенисери, ватерполисти, како и селкторот на ватерполо репрезентацијата.