Блумберг: Индија го забрзува купувањето на руските системи С-400

Индија планира, во што е можно покуси рокови, да ги добие руските ракетни системи С-400, пред се, поради тензиите долж границата со Кина, јави агенцијата Блумберг.

Ова е главна причина за посетата на индискиот министер за одбрана, Раџнат Синг на Русија, каде ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Шојгу. На средбата се очекува двете страни да го разгледаат инцидентот во Ладак, како и можностите за зацврстување на индиската одбранбена способност.

Москва и Њу Делхи во 2018 година склучија договор за испорака на руските ракетни комплекси С-400, во вкупна вредност од пет милијарди долари. Според договорот, системите треба да бидат испорачани во Индија до крајот на 2021 година.

Освен од овие ракетни комплекси, Индија има интерес и за купување на 33 нови авиони ловци „МиГ-29″ и „СУ-30МКИ”. За време на посетата на Москва индискиот министер за одбрана се очекува да го постави и прашањето за купување на резервни делови и други детали од руската воена техника.

Блумберг наведува дека Русија е најолемиот испорачувач на одбранбена опрема и оружје за Индија.

Треба да знаете
Последни објави